Луѓето кои за тоа се бореа пред 77 години се нашите херои денес, тие ја донесоа победата над фашистичкиот окупатор и нивна е славата, а заедничка е слободата, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фесјбук-профил.
Таа слобода, додава Мицкоски, ја браниме и денес, и таквата љубов кон Скопје ја имаме и денес.
– Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи, нашето раздолжување кон градот на солидарноста, слободата и хуманоста. Скопје го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа. Со таа верба и непоколебливла надеж, среќен и вечен денот на ослободувањето – 13 Ноември, граду мој!, напиша Мицкоски.