Сега тоа што можеше помалку да не чини, ќе не чини два до три пати повеќе сега, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната емисија Објектив на Македонската телевизија.
Мицкоски истакна дека ќе треба многу средства за да се помине годинава и тоа како што рече тој само за да се помине годината, а не да инвестира во развојот на производните капацитети, укажувајќи дека во енергетиката се планира од сега за следните две години, а не од сега за следниот месец.
Ако наместо да крадат и да се здружуваат во тендерите во РЕК Битола копаа, произведуваа, демонтираа, денеска немаше да бидеме во една ваква ситуација. Потрошија многу пари во ноември, четири милијарди денари за да ги покријат кражбите на МЕПСО од соседните систем оператори и да покријат недостаток на електрична енергија што требало согласно баланс енергетски да ја произведат ЕЛЕМ, а не успеала да ја произведе, додаде Мицкоски.
Ќе ни требат многу пари само за да ја поминеме година и тоа само да ја поминеме година, без да инвестираме во развој на производните капацитети за да можеме да го дочекаме летото, па ледната зима. Затоа што во енергетиката вие сега планирате за следните две години, не се планира сега за следниот месец, изјави тој.
Мицкоски нагласи дека токму поради ова потребни се предвремени парламентарни избори со влада која ќе има кредибилитет и легитимитет да ги реши економската и енергетската криза.
Една хаотична состојба, без план, од денес за утре гледам дека се решаваат работите. Тоа е уште една причина повеќе да излеземе на предвремени парламентарни избори и да имаме влада со политички легитимитет и кредибилитет која што ќе може да да се справи со ова дециден е Мицкоски.