Во централниот дневник на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски укажа дека сметките за струја се високи не затоа што нема јаглен, туку затоа што се краде многу.
-Пролетта 2021 година јас лично предупредив и понудив пакет што треба да прават од власта. И не треба да имате план преголем туку треба само да знаете да работите и да работите чесно. Еве ќе ви дадам неколку бројки, ако ние произведуваме како што произведувавме пред 7-8 или 9 години електрична енергија, а имаме можности за тоа немаше да додје до ова. Зошто? Затоа што сме произведувале 6.5 – 6.7 терават часови струја сега минатата година добив информација за 2021 година е под 3 терават часови струја, истакна Мицкоски.
Тој додаде таму има многу крадење и затоа Македонија е доведена во оваа ситуација. Има многу недомаќинско работење.
-„Многу крадење. Ако не се крадеше толку и ако се работеше домаќински наместо да се делат провизи за мазути, наместо да се делат договори во четири очи за ископ на јаглен, а никогаш тој јаглен да не се ископа каде што денот трае 35-36 саати наместо 24, или наместо 365 дена во годината има 500 дена, тогаш ќе имавме јаглен и ќе произведувавме толку што е потребно за граѓаните и немаше да го почуствуваме ова, појасни Мицкоски.