При денешната посета на Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што власта вели дека новите измени на КЗ се следење на европските регулативи истакна дека власта на тој начин се подготвува за опозиција, но идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци.

Се подготвуваат за опозиција, мислат дека на тој начин ќе бидат амнестирани за сиот криминал кој што го правеле изминативе години, но мојата порака до нив и до сите оние кои што се надеваат дека на овој начин се спасиле, од било која власт, повторувам, од било која власт, се лажат. Едно е политичкиот прогон и политичките случаи друго е евидентниот криминал кој што се случува изминативе шест години. Така што неколку пати повторивме и со златно знаме да го изгласаат идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци кои што на маката на народот се богателе изминатите шест години. Така што нема каде да се сокријат ако мислат дека на овој начин ќе бидат амнестирани за злоделата и криминалот што го правеа изминатите шест години, нагласи Мицкоски.