За време на посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на општина Прилеп во рамки на кампањата „Важно е! Промените зависат од тебе“, тој даде одговор на новинарски прашања во врска со комуникацијата со власта и напредокот кон одредувањето датум за избори, како и неговиот став за комбинирани претседателски и парламентарни избори.
„Што се однесува до комуникација со СДСМ во рамките на парламентот има средби на кои што се дискутира изминативе неколку денови околу техничките препораки и техничките измени во изборниот законик кои што се дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР и ценам дека тоа треба час поскоро да се заврши бидејќи веќе доцниме веќе сме влезени во фаза 6 месеци пред избори и мислам дека веќе следната недела ќе има сериозен напредок на таа тема. Исто така очекувам и дефинирање на датум за избори, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека изборите треба да бидат заедно да не ги трошиме дополнително парите на граѓаните затоа што ние немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на народот. Тоа што некој се обидува преку примитивни би рекол политички логики и комбинаторики повторно сето тоа да го стави на трошок на граѓаните тоа е негов проблем. Но јасен е ставот на јавноста, ставот на граѓаните и ставот на ВМРО-ДПМНЕ, избори треба да има на еден трошок, од еднаш, споени и претседателски и парламентарни за неколку месеци од денес“, нагласи Мицкоски.