– Тоа е единствениот начин како да се стави крај оваа апатија, на безнадежност која што владее во државата, на огромен криминал, корупција и сето она кое што изминатиов период навистина сериозен проблем. Без разлика за кого го дадоа својот глас ја имаат сета моја почит, и им благодарам за тоа што денеска го реализираа и го остварија своето граѓанско право и излегоа на избори. Апелирам, сето она што се случуваше во изминативе неколку денови, сите оние нерегуларности, притисоци, закани, уцени, поткупи може да се надмине само со масовна излезност, нагласи Мицкоски.
Мицкоски: Со масовна излезност ќе го победиме сето она што беше погрешно
М
Денес и јас го искористив своето право на глас. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа и гласаа, бидејќи тие ја земаа судбината во свои раце, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по гласањето.