– Тоа е единствениот начин како да се стави крај оваа апатија, на безнадежност која што владее во државата, на огромен криминал, корупција и сето она кое што изминатиов период навистина сериозен проблем. Без разлика за кого го дадоа својот глас ја имаат сета моја почит, и им благодарам за тоа што денеска го реализираа и го остварија своето граѓанско право и излегоа на избори. Апелирам, сето она што се случуваше во изминативе неколку денови, сите оние нерегуларности, притисоци, закани, уцени, поткупи може да се надмине само со масовна излезност, нагласи Мицкоски.