Ова е огромен чекор за идентитетот на македонскиот народ. После оваа одлука на Портата во православниот христијански црковен свет нашиот идентитет е во канонско единство со останатите балкански и истовремено е различен од останатите балкански народи и има вековна историја и традиција, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во коментар на социјалните мрежи.
-Со ова, тезата на Бугарија за нација од 45та година од минатиот век паѓа во вода како и тезата за второто бугарско царство на која се темели оспорувањето на македонскиот идентитет и негово асимилирање како бугарски. Прифаќањето на многувековната историја и традиција на Охридската архиепископија е само потврда на македонскиот православен идентитет различен од бугарскиот, српскиот, грчкиот и останатите со кои сега сме во канонско единство. Што се однесува до името би сакал да појаснам дека ниту Руската не Руска туку Московска Патријаршија итн, објаснува тој.