Тој информираше за тоа што го информираат луѓето деновиве.

-Овие денови ми доаѓаат информации од повеќе општини и градови како локалните функционери на СДСМ се закануваат до вработените во администрацијата, создавајќи страв дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа. Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме, рече Мицкоски.

Затоа, кажа Мицкоски, испраќам порака до тие луѓе да не се плашат.

-Сигурни се нивните работни места, и на овие избори да излезат на гласање и слободно и независно од било какви притисоци да си ја изразат својата волја позад параванот. Не се плашете затоа што тие кои го велат тоа треба единствено тие да се плашат затоа што јас ги гледав во очи и им велев ќе одговарате за сите криминали. Луѓето кои работат за плата не смеат да бидат мета на политички прогон, ниту пак ми паѓа на памет да правам некаква одмазда кон недолжни граѓани. Треба и конечно да заврши времето кога луѓето кои се недолжни ќе треперат за тоа дали ќе се промени власта затоа што може да останат без работа. Јас и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимаваме со работа, проекти и развој, и за тоа е потребен секој еден човек, а не со чистки, притисоци и реваншизам, рече Мицкоски.