Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Драчево запрашан за најавите на власта дека ќе им се зголеми мнозинството посочи дека со секој еден поминат ден СДСМ губи по еден пратеник и затоа колку побргу си заминат од власт помалку пеколен ќе биде нивниот крај.
-Јас нема да влезам во трката во која што се што се влезени полусветот управуван од раководството на ДУИ и СДСМ коешто со закани и уцени ги притиска пратениците во парламентот. Само ќе кажам дека со секој еден изминат ден тие губат еден пратеник, зборам тука пред се на СДСМ, така што колку побргу заминат толку помалку пеколен ќе биде нивниот крај, колку подолго останат таму и колку подолго се вовлечени во криминал и корупција толку попеколен ќе биде нивниот крај, рече Мицкоски.