Многу е важно на 17-ти октомври уште рано насабајле да ја завршиме работата овдека во Свети Николе за тоа што од 18-ти октомври не чека друга поинаква работа, засукување ракави и работата за вас за граѓаните на Свети Николе.За тоа уште на 17-ти октомври рано насабајле да излеземе во што поголем број и да го дадеме својот глас за Дејан Владев и за листата на Коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача лидерот Христијан Мицкоски.
Ова не се обични избори, ова не се обични локални избори. Да, бираме советници, бираме градоначалник на Свети Николе, но тоа што ќе го избереме на 17-ти октомври, а онаму каде што нема да ја завршиме работата на 17-ти октомври, на 31 октомври, е практично патеката по која што бираме да оди Македонија во иднината.
Дали сакаме да останеме овде каде што сме, на дното, на дното по економијата, на дното по инвестициите, а на врвот по криминалот и корупцијата, на врвот по младите кои што се иселуваат и по белата чума која што владее насекаде во Македонија. Или сакаме да изберем просперитет, надеж и иднина за нашите најмлади, за оние средовечните, но и оние што се во поодминати години кои што веќе чекорат кон пензионерските денови.
Јас знам и убеден сум дека изборот во повеќето општини, а Свети Николе е таква општина каде ќе биде токму ова второто, надеж, иднина, просперитет. Тоа е она кое што се бориме, и тоа е она за кое што работиме целиот овој период.
Засрамени се чувствуваме, понижени, потонати во едно политичко мочуриште, но јас реков во оваа кампања нема ниту збор да зборувам за нашиот политички противник и да кажувам колку тие се лоши. Тоа вие многу подобро го знаете од мене овде во Свети Николе. И знаете колку се тие всушност лоши, така што јас нема што ново да додадам на тоа.
Јас сакам само да предупредам и да кажам што е она што ние го нудиме во периодот кој што следи. Јас сум свесен дека овие луѓе кои што денеска служат на фамилијата на власт, од овде од Свети Николе без разлика дали некогаш биле дел од нас се луѓе кои што се борат за да ја продолжат политичката кариера на фамилијата на власт.
Во Македонија и овде во Свети Николе има една опозиција, таа е ВМРО-ДПМНЕ која што се грижи за македонскиот народ и македонската држава. Сето останато е дезертирање и работење за интересите на Зоран Заев и СДСМ.
За тоа е многу важно на овие избори да се препознае вистинската пркост, тие кои што одлучија да му застанат на патот на овој хибриден режим, а не тие кои што се декларираат и претставуваат дека некогаш биле дел од ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме тие кои што застанавме на патот заедно со вас на овој хибриден режим. Вие бевте нашиот мотив и вие бевте тие кои што цело ова време ни дававте сила да издржиме по тој пат.
За тоа 17-ти октомври е последниот ден на пресметката со оваа тиранија и нивните слуги кои што се денешна македонска реалност. А, јас ви ветувам, јас ви ветувам и ве гледам во очи дека веднаш после победата на локалните избори следува ново парламентарно мнозинство, нова Влада, и посветли денови за нашата Македонија. Денови на работа, денови на реформа, денови на благосостојба, и денови на чесни и честити луѓе кои што ќе ја поведат Македонија онаму каде што и е местото. Јас ви го ветувам тоа.
На овие избори, почитувани светиниколчани, излегуваме со јасна програма за јасна иднина. Програма каде што ќе бидат опфатени илјадници проекти на локално ниво, но ќе има и такви кои што ќе бидат заеднички за целата наша Македонија. И проекти кои што најголем дел потекнаа од вас, од народот во тие средби кои што ги имавме во нашата пред предкампања, бидејќи ако ова го оквалификувам како кампања односно нејзината предкампања тоа се прокети кои што ги слушнавме лице во лице од вас. Голем дел од тие проекти, се разбира за оние кои што имаат можности ги ставивме во програмата со која што ќе искочиме во секоја една општина, пред граѓаните и со тоа ќе се обидеме да ја добиеме нивната доверба.
За мене лично Свети Николе претставува посебен мотив, претпоставувам тие што знаат и што ме познаваат знаат зошто. За тоа што една четвртина од мене потекнува од овде од Свети Николско, Амзабегово. А, оние кои што не знаат еве оваа вечер дознаа, за тоа велам мојата баба е тука родена во едно село во близина на Свети Николе и за тоа за мене претставува посебна чест кога ќе сум овде во Свети Николе и кога ќе можам да зборувам со вас, за иднината на Свети Николе. Се сеќавам дека некогаш овдека во центарот на градот имаше џагор од деца кои што трчаа, токму овдека на овој плоштад, но за жал денеска како и повеќето општини, во повеќето градови во Македонија белата чума е се присутна и овдека во Свети Николе. Осум од десет мои студенти веднаш после дипломирањето одлучуваат да ја напуштат трајно Македонија. Тоа е она кое што нас треба да ни претставува прва и основна цел и задача, да обезбедиме услови и да си ги вратиме децата дома. За тоа што наместо да ги полниме фабриките и болниците во западна Европа, Австралија, Америка, треба децата кои што сме ги школувале да си ги вратиме дома, да работат со нас, да работат за нас, да не лечат нас, и да допринесат за нивната Македонија. Тоа е нашата цел, и тоа е нашиот мотив.
На овие средби каде што ги претставуваме идните градоначалници, каква што е ова денеска во Свети Николе, оставам по едно писмо. Оставам по едно писмо не за да привлечам посебно внимание туку едноставно сакам да остане напишано и запишано за да следниот пат кога ќе дојдам овде и кога ќе зборувам пред вас заедно со идниот градоначалник да прочитаме делови од тоа писмо, и да видиме што сме направиле, а уште што многу треба да направиме за вас.
Па, така во текот на денешниот ден иако имавме навистина динамична агенда, состанок на Извршниот и Централниот Комитет на партијата, изгласавме четири победници на следните локални избори, одлучив на Дејан да му напишам едно писмо кое што после овој говор ќе го оставам овде. Па, следниот пат кога ќе се обратиме заедно со Дејан ќе видиме што сме сработиле од ова.
Тој прочита и писмо до идниот градоначалник, општина Свети Николе
Прво, доаѓа времето кога ќе го означи крајот на феудалци по местата и градовите кои сметаат дека нивната општина е нивен пашалак. Потребни се луѓе кои нема да одлепат од реалноста, туку Свети Николе ќе биде општина која ќе служи на граѓаните, а ти Дејане ќе бидеш нивниот слуга, затоа што нема поголема чест од таа да се служи на својот народ.
Второ, секогаш да бидеш достапен за граѓаните. Не смее да се случи, како што тоа сега го прави власта, на народот и на ветувањата да се сетиш само неколку недели пред избори, или на крајот од твојот мандат во последните месеци. На народот не му се потребни престави и шоуа туку вистинска работа.
Трето, во нашата земја има работен и чесен народ. А, градоначалникот е човек кој мора да има разбирање за сите нивни потреби. Нема затрупување во бирократија. Биди на полињата каде ќе требаш Дејане, биди на улицата, малаата, низ селата во општината, насекаде, буквално насекаде каде што си потребен. Овој народ мора да те чувствува како свој, како нивен борец за нивните права и потреби. Нивниот човек во институциите. Бирократи кои се затворени во тесен круг какви што имаме денес кметови од оваа власт, немаат иднина. Таквите луѓе можеби ќе бидат добри за стотина луѓе од нивната партија, но ќе бидат лоши за народот кој што ги избрал.
Четврто, Дејан ти ќе бидеш градоначалник кој го одбрал народот, а не човек кој го одбрала партијата, или некој од нејзе. Ти должиш на народот, и на никој друг. И ова го кажувам не случајно, затоа што слушам дека во власта главен критериум за да стане некој градоначалник е какви конекции има со семејството на власт. Затоа многу е важно Дејане да ја чуваш поврзаноста со народот и да знаеш, запамети го ова, ти одговараш само пред народот.
Петто, мора да се даде целосно внимание на компетентни и стручни луѓе. На луѓето им е преку глава од некомпетентни поединци и аматери кои принципот нишај врата земај плата народот ги плаќа со неговите пари. Ти Дејане направи тим од способни и искусни луѓе кои ќе работат постојано и ќе внесуваат свежина во работата.
Шесто, веднаш од првиот ден да се зафатиш со решавање на најгорливите проблеми на народот. Свети Николе не смее да има повеќе проблеми со водата за пиење, ниту едно домаќинство, ниту еден човек. Мора да има асфалтирани улици. Луѓето патуваат во вселената, а нашиот народ не може од кал да влезе во својот дом.
Седмо, мора да посветиш внимание на земјоделците. Да им помагаш онолку колку ти дозволува Дејане твојата позиција, но и да бидеш првиот борец за нивните права пред централната власт. Оваа земја не живее од оние немазани бизнисмени кои се богатат со криминални тендери, туку живее на грбот и маката на работливот народ. Тоа немој никогаш да го заборавиш.
Осмо, канализација, водовод и асфалт до секое населено место. Она што не било направено со децении, не може јас сум апсолутно свесен да биде остварено за само четири години. Но ти Дејане започни, немој да се плашиш, треба да работиш. Луѓето мора да видат дека можело да се работи. Секој еден е важен.
Деветто, не смее да има поделби на наши и нивни, на леви и десни. Овој народ доста е напатен од делби. Ти Дејане направи го спротивното, обединувај. Покажи дека е подобро кога сите сме заедно, кога работиме за нашата Македонија, кога сите се вложуваме за заедничка иднина.
Десетто, иднината ја создаваме сите ние. Мора да ги вратиме и задржиме нашите деца на својата родна грутка. Свети Николе некогаш беше полн град, со младешки жагор по улиците. Денес белата чума и иселувањето не го одминуваат овој крај во Овчеполието. Овчеполието не смее да биде второто Мариово каде луѓе ќе се иселуваат. Народот Дејане нема да си оди ако создадеме подобри услови за живот. Тоа зависи од сите нас, а највеќе од тебе и затоа бори се жилаво за поквалитетна општина со квалитетни услови за живот. Создавај шанси и надеж за заедничка иднина.
Свети Николе има кандидат кој добро го знаете. Дејан Владев е скромен човек кој го сака Свети Николе. Човек работник, човек со визија и план. Дајте шанса на напредокот, на иднината, на луѓето кои допрва го имаат својот збор во политиката. Оставете ги овие транзициони политичари и оние кои што им служат на тие транзициони политичари.
На 17-ти октомври да завртиме нова страница и да испишеме заедно нови успеси, развој решенија и иднина за подобар живот. Затоа што животот нема враќање, и сите заедно да се бориме за она што ни е важно за нашите животи. Нашите семејства, нашите домови, нашата општина. И конечно нашата Македонија!