Веќе 22 години поминаа откако го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација и никако да и почнеме преговорите со ЕУ, иако некои држави кои после нас го потпишаа сега се членки. И секогаш има некакви изговори и некакви други барања. Колку отворени спорови ние треба да решаваме за да конечно ги почнеме преговорите? – праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрисијан Мицкоски во гостувањето во „Клик плус“ на ТВ21.
Мицкоски потсети дека досега доаѓаа многу официјални лица и до Брисел и надвор од Брисел кои ни велеа, уште овој договор и завршена е работата, влегувате во НАТО, ги почнувате преговорите со ЕУ и од тој момент патот ви е отворен.
Во 2017 година се потпиша Договорот за добрососедство од страна на Заев и Борисов и тоа требаше да биде еден од двата клуча кои требаше да ги товорат вратите за Македонија да стане членка на НАТО и процедурата е таква дека ако некоја од членките има проблем може да спречи друга земја која претендира да биде дел алијансата. Зошто тогаш Бугарија не ја спречи Македонија и не рече дека има отворени прашања? – праша Мицкоски.
Тој потсети и дека во 2007 кога Бугарија требаше да биде дел од ЕУ, тогашната македонска влада испрати допис до ЕУ и тоа на македонски, дека нема отворени прашања, Бугарија тоа го прифати.
Зошто тогаш не беше проблем, како што сега ни продаваат приказна дека дел од бугарскиот народ во Македонија треба да биде дел од Уставот, зошто тогаш не беше проблем? Ама тогаш Бугарија требаше да стане членка и можеше се да проголта – истакна Мицкоски.
Претседателт на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека поминуваат месеци, години, позициите се моделираат како да се од пластелин во зависност од тоа која политичка елита е ваму или таму, а народот во Македонија страда.