Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во с. Дрмени, Општина Ресен, имаше средба со земјоделците од овој крај.

„Проблемите со кои се соочуваат тие се големи, власта не покажува никаков интерес да најде решение за истите, бидејќи само ги интересираат криминалните бизниси кои ги тераат.

За новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, главен приоритет ќе биде решавањето на проблемите на земјоделците и нивна помош.

Важно е земјоделците да добиваат навремено субвенции“ – истакна Мицкоски.