Може ќе има заостанувања, ќе има и луѓе кои нема секогаш да се согласуваат со секоја одлука што ќе ја донесеме, знам дека нема да можеме да го решиме секој проблем, но јас, секогаш ќе бидам искрен со вас за предизвиците со кои се соочуваме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Ќе ве слушам, посебно кога нема да се согласуваме. И над сè, ќе ве поканам да ми се приклучите сите во процесот на обнова на нашата држава, со оваа нова генерација за новата иднина која сите ние заедно ќе ја создаваме, додава Мицкоски.