Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори. Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете!, пишува Мицкоски на Фејсбук.