Мицкоски укажа дека ова што се нарекува зелен данок, тој би го нарекол воен данок.
-Вистината е пак дека ги потрошија партите во непродуктивни трошоци, во поткуп за минатите избори и сега како ќе поткупуваат без пари, ќе гребат од асфалт, ама тој треба да се плати, а немаат како и од што и како ај удри по џеб на граѓаните, рече Мицкоски.
Според него надлежните ја водат државата во банкрот.
-Буџетски дефицит е 65 – 70 милиони евра дефицит или со други зборови државата оди во амбис, заклучи Мицкоски.