Вистинското решение за Демир Хисар е Никола Најдовски. Им благодарам на сите граѓани кои во огромно мнозинство гласаа во првиот круг, а неговото водство во едни тешки услови на притисок и стеги од власта е сигурен сигнал дека имаме правилен избор, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил, по денешната срдба со граѓаните на Демир Хисар.
Најдовски има план и визија за развој на Демир Хисар, тој е човекот кој ќе работи на враќање на децата овде во Демир Хисар и ќе се грижи за градба на нови патишта, паркови, поддршка на земјоделците, ќе работи за секој еден човек. Демир Хисар не се плаши.
Заокружувањето на бројот 7 е сигурна опција за нова иднина, промени, проекти и победи. – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил, по денешната срдба со граѓаните на Демир Хисар.