Мицкоски посочи дека инфлација веќе има затоа што, ако ги погледнете цените во малопродажба ќе видите дека цената на зејтинот е зголемена, и цената на млекото, брашното, бензините поскапуваат, а можно е зголемување и корекција на цената на електричната енергија за граѓаните.
Стопанството тоа веќе го чувствува, сите компании кои се на слободен пазар за кои што онака храбро владата велеше дека направила реформи во либерализацијата на пазарот, веќе сега компании имаат сериозен проблем со обезбедување на финансиски средства за набавка на електричната енергија, бидејќи цената на електричната енергија е алармантна, 4 до 5 пати е поголема, од таа што беше пред 2 месеци за нешто што предупредував, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека владата прави егзибиции, ЕЛЕМ која даваше К15 пред избори сега нема пари за ископ на јаглен, а владата увезува јаглен од Косово и тоа е одраз на недомаќинско и криминално работење во компанијата.
– Наместо веднаш да се обезбеди гас за сите производни капацитети Те – То Когел наместо веднаш да се направи сериозен план за ископ на јагне во РЕК Битола наместо да се увезува, наместо да се планира термоелектраната во Неготино да се стави во погон, тие прават некои егзибиции 400 до 500 товарни возила треба дневно секој ден да возат јаглен од Косово, не водат сметка ни за патиштата, и оној никаков пат од Прилеп до Росоман кој го прекинаа ќе го доуништат, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека без план се работи, се краде на секој чекор ова се последните потези на хибридниот режим кој е во заминување, иако за енергетската криза алармираше и Урсула фон дер Лајен, претседателката на ЕК
– На 17 октомври народот гласно ќе зборува, а потоа ќе има ново парламентарно мнозинство и влада на ВМРО-ДПМНЕ која што знае како да ги реши проблемите, вклучително и енергетската криза, рече Мицкоски.