-Тоа е една омилена куќа за обезбедување на власта присутна и во електроенергетските компании, присутна во сите јавни објекти и тоа им беше малку и сакаат дополнително да влезат и во здравствениот сектор, односно да обезбедат да дадат приватна услуга за брзата помош, додаде тој.
Според него со ова само продолжува заевизмот.
-Продолжува криминалот, корупцијата. Оваа влада на заминување премиерот на заминување, министрите на заминување не престануваат со скандалите и добро што е повлечен Законот, кажа Мицкоски.
Тој информираше дека понатаму ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи носење на ваков закон, бидејќи вакви измени се штетни за граѓаните.