За тоа кој ќе биде кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина, Мицкоски појасни дека во моментот трае последното мерење на јавното мислење и дека до сабота ќе биде познато името на идниот градоначалник на Општина Аеродром.
-Во моментот трае едно такво мерење на јавното мислење, би рекол четврто во Аеродром и бидејќи до сабота е последниот рок до 11-ти, ќе донесеме одлука за тоа кој ќе биде кандидатот затоа што многу внимателно бираме. Таму ВМРО-ДПМНЕ е фаворит и сакаме навистина решението кое што ќе го понудиме, да биде решение кое што ќе го одберат мнозинството жители на Општина Аеродром. Така што се надевам, набрзо односно сум сигурен дека до сабота мораме да го објавиме бидејќи истекува рокот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.