Тоа е само потврда на нашата теза дека ДУИ сака да го проголта СДСМ. Не е далеку од вистината тоа да се случи. Но, тоа ќе значи само дополнително фрагментирање на СДСМ, иако изгубија многу во изминатиов поред посебно последната година по локалните избори.

Таму има многу членови кои не се гледаат себе си во политичка коалиција со ДУИ. И тоа ќе значи природно создавање на некоја друга опција, а таму ќе останат малку, претпоставувам актуелното раководство на СДСМ, Зечевиќ и Ковачевски кои што ќе продолжат да бидат во скутот на ДУИ бидејќи ќе бидат малцински партнер,вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прпф. д-р Христијан Мицкоски во интервју за порталот Вечер одговарајќи на прашањето кои се неговите планови со оглед на тоа дека можна е предизборна коалиција на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ го гледа интересот на народот и без разлика на оваа предизборно коалицирање помеѓу СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се бори за освојување на мнозинство гласови.

Тие ќе имаат неколку десетици илјади гласови кои ќе ги додадат на гласовите на ДУИ во една таква коалиција. Дел од гласачите во таква ситуација ќе се деполизизираат, дел ќе дојдат кај нас, дел во некои од актуелните политички партии, дел пак кај некои кои можеби допрва ќе се појават. И на тој начин СДСМ ќе се соочи со еден навистина голем предизвик, а тоа е да продолжат да бидат алатка на ДУИ или пак да престанат да постојат во оваа форма.

И тоа ќе биде погрешен чекор, но тоа е нивна одлука како мислат да настапат. Ние го гледаме интересот на нашата држава. Ние ќе освоиме огромно мнозинство гласови ќе имаме најголем број пратеници, се бориме за мнозинство во парламентот и цениме дека не е невозможно да го постигнеме, рече тој.

На прашање како го коментира што им препорачува на граѓаните како да преживеат во 2023тата годона со оглед дека Буџетот на влада само за невладиниот сектор изнесува рекордни 20 милиони евра а нападите од владата кон опозицијата се синхронизирани токму од невладиниот сектор, Мицкоски смета дека добро е да има невладин сектор кој ќе биде коректив на власта, но овие 20 милиони евра кои се одвојуваат во буџетот служат само за поткуп на невладиниот сектор, за кој рече дека не го видел критички да се осврне кон власта, со мал исклучок.

Добро е да има невладин сектор, здрав невладин сектор кој што ќе биде коректив на власта. Но, проблемот е тоа што овде тоа се злоупотребува и се користи во политички цели и оваа сума на пари служи за условно кажано поткуп на тој невладин сектор кој што јас не сум го видел критички да се барем до сега со мали исклучоци кои што пак без исклучок не се корисници на тие средства од владата.Значи сите оние кои се корисници на овие средства јас не сум ги видел да излезат и да бидат коректив на власта што би требало да биде нивна основна задача, да речат ние сме коректив на власта и да ја прават владата подобра. Но, тоа не го прават. Тие се нивни партнери и тоа партнерство се купува преку овие пари. И затоа велам од една страна е добро да имаме здрав невладин сектор, но за жал кај нас овој сектор кој е корисник на тие средства е партнер на владата, што би требало да биде спротивно од тоа, додава тој.

Во однос на буџетот, Мицкоски вели дека тој е инфлаторен и неразвоен, и доколку владата на СДСМ сака да има пари за студентите доволно е само еден тендер помалку за ископ во РЕК Битола и парите ќе ги имаат.

Инаку, ги споменавте студентите. Само еден тендер помалку за ископ во РЕК Битола, ете ги парите. Толку се краде, само што сега торбарот не е во југоистокот на Македонија, сега торбарот шета тука или во локални меани таму во околината на Битола. Се смени торбарот практично, иначе процентите и парите останаа исти. Само тука да се поведе сметка и не треба ништо повеќе. Ете ги парите за студентите и уште многу други такви проекти. Буџетот за 2023 година е катастрофален и не само што е катастрофален и инфлаторен, туку е и практично е буџет кој што не носи развој. Ќе кажам зошто не носи развој. Имаше едно златно правило што го кажуваат владините министри, вели буџетскиот дефицит ќе биде помал од капиталните инвестиции. И го слушав вицепремиерот за економски прашања на една дебата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кога му рече набројте една година кога во владата на ВМРО-ДПМНЕ ова се случило. И му наброја он, но проблемот е што сега не се случува.Ќе ви кажам и зошто. На само една недела пред крајот на оваа фискална година буџетскиот дефицит е околу 550 милиони, а капиталните инвестиции се 385 милиона. Значи, тоа е да речеме за отприлика 35 проценти поголем од капиталните инвестиции. И тоа е навистина катастрофално.Но, од друга страна, јас мразам да споредувам со минатото но морам некогаш и да направам таква споредба за да ги демантираме лагите кои што ги кажуваат, кажа Мицкоски и додаде:

Ако го споредите периодот на ВМРО-ДПМНЕ од 1 јануари 2007 година до би рекол 31 декември 2016-тата година, тоа е период од 10-тина години, и ако го споредите периодот на СДСМ од 1.1.2018-тата, ајде 2017-та беше техничка влада па не е целосно СДСМ, значи од 1.1.2018 до 31.12.2021 година, бидејќи оваа година уште не е завршена, тоа се 4 години. Ќе видите дека јавниот долг на владата на ВМРО-ДПМНЕ постои, се случува и се зголемува, но во исто времено се зголемува и БДП, односно разликата колку што е зголемен БДП со јавниот долг е од прилика за околу 120 до 130 милиони евра годишно. Тоа е некаде околу милијарда и 300, милијарда и 400 плус. 4 милијарди и 100 е зголемен БДП, а 2 милијарди и 700 е зголемен јавниот долг.

Или годишно просечно околу 130, 140 милиони евра подобрување на економската состојба. За разлика од тој период, во владата на СДСМ имаме одземена, намалена вредност, односно БДП се зголемил, но помалку споредено со јавниот долг. И тоа намалување е помалку околу 160, 170 милиони евра.