Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија, во одговор на новинарско прашање за вчерашната изјава на академикот Таки Фити за зголемувањето на даноците, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ останува на политиката за рамен данок и сукцесивно негово намалување до ниво од 8 проценти.

Апсолутно, јас затоа тоа го кажувам цело време, дека гласот нема да биде за кандидатот за градоначалник на СДСМ, туку тоа ќе биде глас за повисоки даноци, за понизок стандард, за поголема инфлаторна спирала, за поголема пљачка, криминал, корупција, тоа е суштината. Тоа е тоа, што овие луѓе од владата денеска го нудат и она кое што го кажа вчера академикот Таки Фити денеска го повторил вицепремиерот Битиќи, дека ќе имаме повторно корекција и нивелирање во даноците. Значи не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот, удираме по стандардот на граѓаните и ги зголемуваме даноците. Нsместо да најдеме начин како да ја намалиме сивата економија и на тој начин да ги зголемиме приходите во буџетот а да заштедиме на притисокот врз стопанството и врз граѓаните. Јас сум шокиран и како ВМРО-ДПМНЕ, ние стоиме на нашата политика со која што излеговме на последните предвремени парламентарни избори а тоа е рамен данок и сукцесивно негово намалување до ниво од 8 проценти, нагласи Мицкоски.