-Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово.
ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.
Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.
Вечерва гори модуларната болница во Тетово. Неофицијално има загинати лица и од пациентите и од медицинскиот персонал.