Денес во 11:00 часот, во прес центарот на СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи јавен настан, на кој ќе бидат презентирани реализираните проекти во изминатава година, како и планираните активности од буџетот за новата 2023 година од страна на Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски.

На настанот ќе присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски.

По завршување на настанот, изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски. (предвидено време за изјава 11:30 часот).