Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во магазинот „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за барањата на Бугарија од Македонија во процесот за ЕУ интеграциите
Мицкоски истакна дека кон Македонија има политичка агресија со измислени позиции и барања од источниот сосед.
Модераторот го потсети Мицкоски дека поранешната министерка Радмила Шекеринска кажала дека сето ова што го прави Бугарија во моментов, можеби е под притисок на руското влијание.
Не сум ја слушал Шекеринска, но логиката е таква дека таму постојат сили кои континуирано измислуваат теми за овој дел од Балканот да остане црна дупка, а не да бидат таму каде им е местото, односно во ЕУ. Ако во Украина се случува агресија со тенкови, во Македонија се случува политичка агресија од исток. Ние сме нападнати со измислени позиции и барања, а нашиот источен сосед ја злоупотребува позицијата во ЕУ, и спречува да се реализира идејата за обединета Европа, подеднакво развиена секаде – изјави Мицкоски.