Не очекувајте од овие луѓе ништо, ниту пак народот очекува и тоа јасно се гледа на мерењата на јавното мислење . Прашањето во каква насока се движи Македонија – е во погрешна насока. На прашањето дали верувате во економските политиките на Владата, едногласно е мислењето дека никој не верува во тоа, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во гостувањето во Радио Лидер, на прашањето за економските политики на Владата,
Ова што го прават се егзибиции, без стратегија и жалам што медиокритети од Владата се занимаваат со ваков начин. Политиките во економијата се купи ден продај , стихија, без стратегија.
„ВМРО ДПМНЕ на следните избори ќе има неколку носечни проекти во форма на политики и ќе иа конзервативен пристап, нема да имаме големи ветувања, затоа што на народот им е преку глава од големи ветувања. Ќе бидеме внимателни, затоа што повеќе од три децении политичарите иозлегуваат на избори со ветувања како чудотворци, и затоа во кампања нема да влегуваме со големи очекувања, за да нема поголеми разочарувања. Тие разочарувањата денеска резултираат со масовно напуштање на Македонија од многу луѓе, државата се празни, а кога една држава нема народ ја губи смислата да биде држава. Ние имаме многу проекти кои се поклопуваат дури и од оние први влади кои не се завршени, изјави Христијан Мицкоски.