Македонската православна црква-Охридска архиепископија викендов го канонизира за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки, церемонија која се случува денеска и утре во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.
На денешната канонизација присутни беа и многу членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Ми преставува особена чест што денес бев присутен во Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј” на канонизација за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки, порача тој денеска.