ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општините Петровец и Илинден.

Во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари средба со бизнис секторот во хотел Еуроиталија општина Петровец.

По завршување на средбата во 13:00 часот изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски ќе присуствува во пуштање на употреба на канализациона мрежа во Ржаничино, (блок 6) во општина Петровец.

Потоа, ќе изврши увид на мостот кај петкилометарската делницата Катланово – Петровец, нереализиран проект на владата на СДСМ.

Мицкоски ќе оствари средба со спортистите кај спортското игралиште од општина Петровец.

Понатаму, продолжува со теренска посета во општина Илинден.

Мицкоски ќе изврши увид на завршени проекти, реконструкција на игралиште за мал фудбал, реконструкција на детско игралиште и увид во тековен проект односно промена на кров на ООУ „Ристо Крле“ во населено место Кадино, општина Илинден.

Ќе присуствува на пуштање во употреба на улица во населено место Кадино, општина Илинден.

Мицкоски ќе го посети Здравствениот дом Илинден, кој е нереализиран проект од владата на СДСМ.

Ќе присуствува во пуштање на употреба на реконструиран спортски терен за мал фудбал во населено место Миладиновци.

Во 18:15 ќе се обрати пред присутните граѓани пред Домот на културата во Миладиновци, општина Илинден.