Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во рамките на активноста „Промените на дело“ ќе го посети Кавадарци, каде заедно со градоначалникот Митко Јанчев ќе извршат увид на градежни активности во градот.

-Денеска со почеток во 12:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев во рамките на активноста „Промените на дело“, ќе присуствуваат на увид во градежни активности на новопробиената улица „Лазо Асијата“ и ќе посетат три инфраструктурни проекти на општина Кавадарци, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.