Тој во посета на Тетово беше со пратеникот Александар Велјановски и разговараше со локалните жители.
– Бевме во семејството на едни од тие жртви, луѓето се уште го преживуваат хоророт кој се случи на тој ден. Разговарав со двајца синови чија мајка е жртва на овие настани. Дел од тоа што го преживеаа го пренесоа и навистина тоа што се случува е трагично, траорно и болно, рече Мицкоски.
Тој побара и кривична, а не само морална одговорност.
Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ може да го ветиме и да се обврски, и јас како човек, е дека оваа работа порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај, а виновниците мора да сносат одговорност без разлика дали е функционална или морална. Во Македонија се случуваат пречесто пожари, кои сега чинат и човечки животи, поентираше лидерот на опозицијата.
Тој апелираше за совест и ги повика најодговорните да понесат оставки и одговорност за да не се повтори ваквата несреќа.