Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети скопската општина Гази Баба, при што заедно со градоначалникот ќе сизвршат увид во градежни активности.

-Почитувани, Ве известуваме дека денеска 26.02.2024 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ќе изврши увид на градежни активности. Во 12:30 часот изјава за медиуми ќе даде Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.