Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува во Тетово во пресрет на изборите за Совет на Општина Тетово.

Притоа е предвидено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да има средба со партискиот општински изборен штаб, со носителот на листата и со предложените на советничката листа.

Во 18 часот предвидена е изјава за медиумите пред општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ (зад зградата на тетовскиот Суд).