Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостин е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого дебатиравме за денешниот излагање на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на говорницата од Советот.

-Верував дека вонпартиски човек може да биде плус во тоа време. Ценевме дека може да биде додадена вредност, ни беше понудена концептот за модерно Скопје, и денеска тоа ќе го поддржам, посочи Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, војна е претежок збор, додека пак сите проекти кои се поврзани за модерно Скопје ќе ги поддржат.

-Ќе ја потсетиме за тие што ги заборавила, а сето тоа што е спротивно од интересите, ќе бидеме жестоки критичари. Непријатно е да дадам одговор зошто таа реторика, зошто така ме нападна. Можеби вие ќе ја викнете во студиото и ќе ја прашате. За да имате вие подобра емисија, само ви нудам опција да повикате некој од советниците во Град Скопје или веќе поранешните директори, додаде Мицкоски.