Најпрвин ќе ми дозволите да го честитам големиот православен христијански празник Божиќ. На сите верници да им посакам многу здравје пред се, да бидеме повеќе среќни, да има многу љубов, да се почитуваме, вреднуваме затоа што мислам некако како тоа да ни недостасува во изминатиов период, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Воедно на сите граѓани без разлика дали се православни христијани, кои се наши сограѓани да им посакам мир, многу љубов, исто така многу почитување и здравје и среќа. Затоа што здрав и среќен човек е мотивиран човек може да направи она кое го цени и негува амбиција да го направи. Навистина ова се денови кога треба да се обединиме без разлика на нашите, би рекол политички разлики, ова се денови кога треба да пратиме порака на обединување, на заедништво, истакна Мицкоски.

Тоа ни е потребно, ние сме мал народ, мала држава и треба да се почитуваме затоа што само обединети и доколку се почитуваме ќе стигнеме до нашата цел, а тоа е да не ни се случуваат неубави работи, да не ни се празни државата, младите да ни останат тука, Македонија да се развива онака како што и доликува, онака како што треба да се развива, а тоа е како една модерна европска држава која ќе биде почитувана од сите и сакана од сите нејзини граѓани, додаде тој.