Секогаш е задоволство да се биде дел од вакви настани кога можеме да означиме почеток на некоја нова градба или пак да посетиме објект кој што е во тек на градба. Како што Боби, градоначалникот на Гази Баба кажа, во тек е една огромна градежна офанзива овде во општината и така ќе продолжи во периодот којшто следи, бидејќи сето она кое што беше дел од програмата и ветувано овдека пред граѓаните на Гази Баба во кампањата во 2021 година треба да се реализира, а зошто да не и повеќе, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Зошто да не и повеќе пред се мислам со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи минимум 9 милиони евра ќе бидат инвестирани од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ годишно во проекти кои што општина Гази Баба ќе ги направи, или тоа во еден четири годишен мандат тоа е повеќе од 36 милиони евра. Цениме дека на тој начин голем дел од основните потребни на граѓаните во Гази Баба ќе бидат решени. Не ми преостанува ништо друго освен да му честитам на Боби, на советниците во советот, на вработените во администрацијата, не помалку е значајна улогата на пратениците кои доаѓаат од овде од Гази Баба кои амандмански се борат секогаш во парламентот да обезбедат средства повеќе за да можат да бидат реализирани проекти проектите овде во Гази Баба. Но, за жал имаме влада таква каква што имаме, која што ги казнува граѓаните онаму каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, таков е примерот со општинската обврзница овде и покрај тоа што ги помина сите филтри, ги доби сите одобренија и позитивни мислења. Но, за жал владата одлучува оној последен чекор кој што е само обична формалност да не го заврши и на тој начин мисли дека ќе остане општината со помалку средства и нема да има реализација на проекти, вели Мицкоски.
Тој додава дека, но, тоа е што е, сепак кога се работи чесно, храбро, посветено, мотивирано резултатите мора да излезат на виделина како што излегуваат тука во Гази Баба. И во овој период кој што претстои ќе имаме уште повеќе реализација на проекти.