Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за загадувањето рече дека единствениот начин за намалување на загаденоста е во периодот од ноември до март да се смени системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затоплување.

За да се случи тоа потребно е да се изградат гасни централи, а ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од инвеститорите е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време најмалку две до три години додека профункционира, а за да се изградат топловоди можеби и пет до шест години“, изјави Мицкоски, кој кажа дека одговорот на прашањето за аерозагадувањето го дава како инжинер.

Премиерот изрази жалење што досега ништо во таа насока не било направено, додавајќи дека сега политички глодари се обидуваат на нивен глодарски начин да собираат поени, но нема да успеат.