Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се заблагодари на граѓаните кои во огромен број, за само четири часа доставија до подрачните единици на ДИК над 10.000 потписи.

Мицкоски рече дека очекува убедлива победа на Силјановска Давкова на изборите со над 100.000 гласа пред Пендаровски.

Тој се осврна и на кандидатите на ГРОМ и на Левица и рече дека тие се всушност опозиција на опозицијата во првиот круг и дека ќе биде интересно кому ќе му ги дадат гласовите во вториот круг, доколку воопшто го има. Тој очекува убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова во првиот круг.