Иако не напаѓаат, ние не се браниме од Левица, оти не сакам да ги легитимирам луѓето кои мислат дека навредувајќи ме мене , нарекувајќи ме Мицко итн, а јас имам убаво име Христијан, нема потреба така да ме пишува, доволно говори за таа личност, изјави Христијан Мицкоски во интервју за Радио Лидер, на прашањето зошто не реагираат на навредите од страна на Левица и нивниот лидер.
“Еве конкретно човекот е универзитетски професор и претпоставувам дека треба да се држи до тоа ниво и така да се обраќа кон јавноста, но тој одбрал поинаков начин и мисли дека така треба да се однесува. Но, и во политиката и во живототот тоа што го правиме говори за нашиот карактер . Еве кажете ми една работа која што таа политичка партија во овие три – четири години во Парламентот ја направи, која што ќе остане запаметена , што направија они , која е додадената вредност. Еве бидејќи е правен експерт лицето кое што го споменавте , освен неколку апликации кои ги поднесе на Уставен суд, кои што нормално паднаа, не беа успешни, јас не видов нешто друго тој да направи од што би имал корист народот на Македонија, изјави Мицкоски.
Тоа што правиме во животот во политиката не легитимира какви личности сме, јас ке останам фокусиран за победа на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори, за да се реализира целосна трансформација, кажа Мицкоски.