Човек да не знае што да им одговори, за жал останаа последниот столб во одбрана на интересите на таквите, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање на обвинувањата од опозициската СДСМ.
-Што ако се врати Груби, скоро, ќе се извинат?! Прво викаа, едни отидоа, другите дојдоа ништо не прават. После викаат мали риби ловат, па сега од ДУИ никој, па сега имаме договор со ДУИ. Човек стварно да не знае што да им одговори. Еве што ако дојде, еве немора денеска да дојде, еве ќе дојде да речеме за некое време. Чуден е тој Фројд, чудено е тоа кога потсвеста ти работи затоа што тоа си го правел, и сега мислиш сите тоа го прават, изјави Мицкоски.
Мицкоски до упати и порака до СДСМ за да се корегираат, бидејќи според него една личност, различни пораки дава на различни места.
-Мојата порака до нив е, нека се концентрираат, нека си ги корегират пораките во јавноста, затоа што и самите се збунети. Една личност, различни пораки дава на различни места. Тие останаа, за жал последниот столб во одбрана на интересите на таквите, овие кои што ги споменавте, зборам од СДСМ, рече Мицкоски.