Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, изрази длабока загриженост за тековниот скандал во случајот Онкологија, опишувајќи го како вознемирувачка ситуација која бара внимание. Тој ја нагласи потребата да се реши ова прашање и покрај разочарувањето што го носи кај народот во Македонија.
При посетата во Прилеп, Мицкоски истакна дека неговата партија поседува обемни докази од последните години, што е во спротивност со тврдењето на власта дека проблемот опстојувал само до 2021 година.
Од досегашните анализи извлековме неколку заклучоци. Првиот се темели на Извештај од вонредниот надзор на набавките на УКРО и МЗ или на документи за периодот 01.08.2021 до 01.08. 2023, како и за парцијалниот надзор декември 2022 – март 2023 година и констатирани се неправилности кои се дополнително и засилени. Затоа бараме да се прошири истрагата и работата и за тој период“, кажа Мицкоски.
Како второ, Мицкоски посочи дека е констатирано дека и покрај огромни милионски залихи на лекови тоа не ги спречувало надлежните и од МЗ и од УКРО да распишуваат тендери иако има залихи. И како трет заклучок тој посочи дека има дилема како се дава дозвола на пациенти терапијата да биде аплицирани во други здравствени установи бидејќи транспортот е специфичен.
„Потоа спорно е и треба одговор дали некој добива повратна информација дали терапијата е аплицирана, дали тие вијали се целосно потрошени или делумно и што се прави со останатото итн.