Не патувам таму за да го презентирам планот, туку на дневен ред е Планот за раст. Ќе имам работен ручек со старо-новата претседателка на ЕК, Фон Дер Лајен. Доколку стане збор за евроинтегративниот процес, јас сум тој што треба д аги брани и одбрани нашите македонски национални интереси. Сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонски граѓани, да ја пренесеме таму – таа е голема и огромна. Повеќе од деценија и пол, не сме во можност да почнеме преговори со ЕУ оти има вештачки наметнати пречки кои ниту една земја ги немала, како што ги имаме ние – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи ја неговата посета на Брисел и преставувањето на т.н. француски предлог плус за уставни измени со одложено дејство.
Премиерот го повтори својот став дека „доста беа порази и политики и дипломатија на свиткана кичма и бакнување на чевли“.
Сакаме да зборуваме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме дека како што ни беше ветувано во 2018 година дека за 3-4-5 години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе биделе дел од ЕУ. Сето останато се приказни и замки на кои немам намера да наседнувам, рече Мицкоски на настан по повод започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески” во Општина Аеродром.