Премиерот вели дека затекнале катастрофална состојба од претходната власт, авионите на писта, пилотите во пензија. Токму затоа итно се напревени промени, додава тој, а пренесува Алфа.
“Хелокоптерите беа враќани во употреба, авионите станаа оперативни, пилотите ги вративме, и во еден момент од ништо имавме три авиони и три хеликоптери и стотици пожарникари, граѓани доброволци и ја користам оваа прилика да им се заблагодарам. Во текот а вчерашниот ден имавме историски незапеметен историски број на пожари на отворено. Успеавме поголем дел да ги совладаме, останатите се под контрола, благодарение на пожарникарите, припадниците од министерството за внатрешни работи, и министерството за одбрана. Ќе продолжиме да се бориме со пожарите, а имајќи во предвид во август температурите, не очекувам да има промени” кажа премиерот Мицкоски.
Мицкоски е загрижен од информациите кои ги добил дека голем дел од од пожарите биле намерно подметнати. Апелираше граѓаните да бидат внимателни.
“Она што ме загрижува се индициите дека постои основано сомнение дека причина е невминателност а во голема мера и намера. Повторно денеска го активиравме еворпскиот механизам. Чешка одговори со еден хеликоптер. Унгарија испраќа четири теренци, и кои може да превенрираа, истовремено словенија одговори, Германија исто така, и тоа е капацитетот кој ќе го прифатиме, а состојбата е целосно под контрола”, вели Мицкоски.
Премиерот се заблагодари и за помошта која пристигнува од неколку земји во гаснењето на пожарите.
Хеликоптери од Србија и Чешка и ер трактори од Германија ќе дојдат напомош. Повторно е активиран ЕУ механизмот на цивилна заштита.