„Ништо не направија за народот, а направија многу за себе. Испокрадоа тоа што можеше да се испокраде, распродадоа тоа што остана за распродавање. Владата на СДСМ, од 1 јуни 2017 година заклучно со 30 септември 2021 година, точно 52 месеци потроши народни пари 16 милијарди евра, тоа се пари на народот, тоа се пари на граѓаните тешко спечалени пари. Но што направија со тие 16 милијарди. Дали некој се сеќава дека ветија нови 500 километри автопат, а не можат после 52 месеци да го завршат ни тој кој претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна“, рече Мицкоски.
Истакна дека никаде ги нема ни ветените 600 километри нови регионални патишта и тоа може да го видат граѓаните насекаде низ Македонија.
„Поминете од тука кон Крива Паланка, од Росоман кон Прилеп, поминете од Штип кон Кочани или Радовиш да видите после 52 месеци во каква состојба се патиштата, 600 метри не успеаја да направат, а камо ли километри“, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека никаде ги нема ни ветените инвестиции од Гугл, Фејсбук, ИКЕА, а го нема ни растот од 5 до 7 отсто на економијата, а по 52 месеци накалемија долгови на грбот на народот од повеќе од две милијарди евра или секое семејство во Македонија го задолжија за 4.500 евра.