Како човек којшто е дел од образовниот процес можам да констатирам дека генерации млади луѓе се „осакатени“ поради тоа што оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ сака преку злоупотреба на тендери и наместени тендери да се богати. Тоа е причината зошто доцнат учебниците, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец одговори на новинарско прашање за проблемите во образованието.
Мицкоски исто така додаде дека во оваа ситуација се поставува прашањето што правеше цела една година Министерството за образование и наука за да на 1-ви септември им текне дека учебниците не се испечатени.
„Можам да констатирам дека само криминал и неспособност е во позадина на она што веќе неколку години по ред ни се случува откако е владата на ДУИ и СДСМ“, заклучи Мицкоски.