Доколку поразговарате со жителите на Тетово, со семејствата кои изгубија свои најблиски ќе го видите целиот нивен гнев по трагедијата во Тетово, започна Мицкоски.

„Бараме оставки за да спасиме животи, поради неспособноста на Власта загинаа 14 лица“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека денеска е шокиран бидејќи денеска премирот изјавил дека немало дозвола за градба во Тетово и дека банална била работата.

Премиерот Заев реагираше дека е проѕирно оваа трагедија да се користи за политички цели.

„Сите жалиме. Одговорноста кај мене е поголема бијдеќи јас сум претседател на Владата“, одговори Заев.