-Зоран Заев е познат по тоа што не си држи до зборот и не ги исполнува ветувањата. Тој по прогласувањето на резултатите од изборите самиот посочи дека ќе се повлече и од неговата СДСМ и од Владата поради изборниот дебакл. Од тогаш до сега, втора недела Заев остана само на таквото ветување, но во реалноста таа оставка не ја реализира, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е многу е реално за очекување тој и ова свое ветување да не си го исполни, и затоа ние поведовме иницијатива во собранието со мнозински 61 потпис да гласаме недоверба на неговата влада.

-Во меѓувреме, би рекол својствена за Заев започнаа притисоците врз пратениците, понуди со пари и слични полу информации со цел да не се гласа за доверба на владата. Како ќе заврши таквата ситуација оставам да покаже времето, но овде не е прашањето дали, туку кога ќе падне владата на Заев која целосно го има загубено легитимитетот од народот и граѓаните, истакна Мицкоски.