-Зоран Заев треба да се згрози што човек почина во Кратовско затоа што немаше хеликоптер и имаше целосно отсуство на реакција од институциите, но затоа имаше хеликоптер за сликање на премиерот и министерот Филипче имаше. Одговорност? Одговорност нема…. Зоран Заев треба да се згрози што секој ден неговата влада е потоната во брутален криминал, корупција и афери. Влада која од Македонија направи бразилска фавела, а ветуваше европска оаза. Зоран Заев треба да се згрози што белосветски мафијаши, нарко трафиканти нашле потпора и логистика во македонските пасоши. Народот секој ден се згрозува од неспособноста на владата. Нема ден некој да не протестира, синдикалци, невработени, угостители… а владата го пљачка народот додека струмичките фирми, и тоа не сите, туку оној дел блиски до кланот растат секој ден сѐ повеќе. Крајот во политиката ви е блиску, исто како и соочувањето со одговорност, стои во објавата на Мицкоски.

Кога Зоран Заев по политичка потреба се згрозува за 27 април, сметам дека е добро да кажам за што вистински треба да се…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, April 19, 2021