-Срам направија не само од компанијата, туку и од државата, жал ми е ова што го зборувам и жал ми е што не ме послушаа, вистина жалам што не ме полушаа, што беа толку самобендисани и мислеа дека се знаат па се доведовме во една ваква ситуација, не велам дека не може да се реши состојбата со енергетската криза, имаме план имаме методологија со решенија, но да се зафатеше порано со решавање немаше да дојдеме до тука, ќе беше полесно, а сега треба граѓаните да ги плаќаат грешките на Владата, критикуваше Мицкоски вечерва во гостувањето на ТВ Сител.
Мицкоски вели дека колку повеќе време овие луѓе од власта седат толку полошо ќе станува, а следат многу поладни месеци кога ќе се троши уште повеќе електрична енергија, вели дека сега ќе настапи девалвација затоа што компаниите кои произведуваат сега струјата им е 10,20% поскапа, тоа значи дека ќе се покачат цените на производите, а тоа ќе го плаќаат граѓаните, стандардот ќе се намалува како што растат цените, а инфлација ќе има.
-Се сеќаваме на онаа спирала која ја кажуваше Тевдовски, е таква е ова спирала на порачувања само во обратен редослед, како да се осиромаши и опљачка народот, посочи Мицкоски.
Тој вели дека сега решението ќе чини поскапо, а да се нафатеше владата да го решава порано немаше да ги чини граѓаните.
-Колку повеќе Васко Ковачевски е таму полошо, па му се запали трансформатор, два дена пред да се запали излезе министерот за економија Бектеши кој не убедуваше дека повеќе произведувале јаглен отколку електрична енергија, го слушам и не можам да се изначудам на отворена сцена како не се зборува вистината, вели Мицкоски и посочи дека ова е штета од невидени размери.