За да донесе одлука за оставките премиерот Зоран Заев во тв-дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повтори дека ќе ги чека нодите од истрагата на пожарот во Тетово.
Иако одговараше на прашања за трагедијата во Тетово, каде изгоре модуларната болница и загинаа 14 луѓе, Заев рече дека во услови на пандемијата, министерот за здравство, Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, се справувале со сериозни предизвици. Заев рече дека кога ќе ги знае сите детали за случајот, ќе ја донесе конечната одлука.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека веднаш побарале оставки за да спасат човечки животи.
Тие таму отишле за здравје, а за жал ги вратија во поинаква состојба, рече Мицкоски и побара прво морална, а потоа и кривична одговорност ако се потврди дека има.
Ние одамна сме го поминале италијанското, а сега одиме кон авганистанското сценарио затоа што се случи живи луѓе да горат.