– Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја запчона Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ потсетува дека требаше ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадаа административни службеници.

– Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош? Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира, пишува Мицкоски.

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, April 6, 2021